New and free Macedonian vechicle ads

Правила за огласување

Огласување за физички лица

Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на auto.net.mk. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија. Како физичко лице имате право да поставите 30 огласи месечно и имате право на 20 обновувања на секој оглас поединечно. Секој оглас поставен на страната е со валидност од 90 дена со што по истекувањето на овој период автоматски ќе биде избришан од страната. Со секое обновување на огласот ја продолжувате и неговата валидност за нови 90 дена. Огласувањето со овие ограничувања на нашата страна е бесплатно.

Auto.net.mk го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.

Огласување за претпријатија

Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Република Северна Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на auto.net.mk. Auto.net.mk го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Како претпријатие имате право да поставите 50 огласи месечно и имате право на 20 обновувања на секој оглас поединечно. Секој оглас поставен на страната е со валидност од 90 дена со што по истекувањето на овој период автоматски ќе биде избришан од страната. Со секое обновување на огласот ја продолжувате и неговата валидност за нови 90 дена. Огласувањето со овие ограничувања на нашата страна е бесплатно.

Услуги

Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Северна Македонија.

Категоризација

Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашето возило. При избирање на категорија, имајте во предвид:

  • Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
  • Забрането е огласување на возила од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
  • Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, се издава или се бара за изнајмување.
  • “Се изнајмува” како тип на оглас е достапна во одредени категории. Доколку оваа опција не е достапна, предметите кои се за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се продава”, а предметите кои се бараат за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се купува”.

Ограничувања кои се однесуваат на категориите

Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила.

Огласи – Дупликати

Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани.

Линкови и препораки

Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.

Пазар3 не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.

Слики и видео клипови

Правила за прикачување на слики и видео:

  • Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
  • Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено. Ако огласувате возило, сликите и видеото мора да бидат од тоа возило.
  • Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
  • Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
  • Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.

Auto.net.mk го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.

Нелегални производи и услуги

Auto.net.mk има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Република Северна Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.

Оружје

Според Законот за оружје во Северна Македонија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)

Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост

Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.

Навредлива содржина

Огласот се смета за навредлив доколку:

  • Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица, или јавни лица.
  • Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
  • Има слики и видео со навредлива содржина.

Одговорност

Auto.net.mk не ја сноси одговорноста за потеклото на возилото која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.

Нереални понуди

Auto.net.mk го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.

Заштитен знак

Сите слики и видеа на auto.net.mk се објавуваат со заштитен знак на auto.net.mk. Ова е со цел да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст.

Општи услови

Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на АУТО.НЕТ.МК ДООЕЛ – Велес и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

 

АУТО.НЕТ.МК ДООЕЛ – Велес
Оливер Китановски бр.34 1400, Велес, Република Северна Македонија
+38978661500
contact@auto.net.mk

25.04.2020

Google ADs