New and free Macedonian vechicle ads

Совети: тргуваjте безбедно!

Ова се неколку совети кој можат да ви помогнат при купавања на возила и други предмети/услуги. Докололку ги практикувате шансите да бидете измамени се многу мали.

Купување и продажба на возилa

  • Никогаш не плаќај однапред! Провери ја функционалноста на возилото пред да платиш.
  • Не ги споделувај со никого доверливите информации како што се: број на трансакциона сметка, број на платежна картичка, кориснички имиња и лозинки.
  • Со лицето со кое склучуваш договор, секогаш побарај документ за лична идентификација.
  • Провери дали лицето е законскиот сопственик на возилото кое сакаш да го купиш.
  • Од сопственикот на возилото секогаш се бара да го врати украденото возило, дури и ако тој/таа не е свесен за потеклото на возилото при правење на нарачката.
  • Обиди се да дознаеш и дали е под хипотека, постои записник за учество во сообраќајна незгода и предизвикана штета или извршени поправки.
  • Биди внимателен кога се договараш со лица надвор од земјата. Трансакциите со странство се високоризични и тешко е да се контролираат и стопираат. Измамникот може да изманипулира со лажна документација или сертификати.
  • Никогаш не ги користи услугите за плаќање како што се: Western Union, BidPay или Money Gram затоа што често се предмет на измами. Постапките за контрола и враќање на пари се комплицирани.
  • Биди внимателен кога понудата изгледа премногу добра за да биде вистинска или ако другата страна брза за побрзо склучување на зделката.
  • За зделките кои вклучуваат големи износи на пари добро е најпрво консултација со некоја банка за да добиеш совети и упатства за безбедна трансакција.
  • Ако продаваш возило, не дозволувај заинтересираниот купувач сам да замине на тест-возењето. Побарај од купувачот да покаже возачка дозвола со соодветна категорија за возилото.
  • Чувајте се од лажни “посредници за автомобили”. Се јавуваат со ветување дека ќе ти помогнат да го продадеш возилото побрзо.

 

Google ADs